Денеска ќе се одржи ново рочиште за случајот „Рекет“. Сведоци не се предвидени туку ќе се продолжи со изведување на материјални докази. Вчера беше презентирана комуникација помеѓу Бојан Јовановски со Катица Јанева, Панделевски, Камчев и со Ременски. Се презентираа и сметките од шопингот во Милан на кој потрошил 148.000 евра.

Адвокатите на Боки, но и самиот тој доставија документација дека боледува од рак на желудник и оти треба да оди на операција но засега нема одлука тој да биде хоспитализиран.