Бојан Јовановски и неговата мајка Јасмина, заедо со кумата, судијката Мери Дика Георгиевска заминале на шопинг во Милано само неколку дена отако биле земени парите од домот на бизнисменот Орце Камчев.

Ова стана јасно по денешното рочиште и изведување на материјалните докази за случајот „Рекет“ на кое беа презентирани снимки од денот на земањето на парите и фискалните сметки во шопингот во Милано.

Боки и Кичеец биле во домот на Камчев на 20 февруари 2019 година. Од снимките од камерите во домот на Камчев се утврди дека малку пред 14 часот прво дошол Кичеец и само неколку минути подоцна изглегол заедно со Боки 13 доаѓаат повторно во 15 и 34, при што Боки 13 поголема чанта.Двајцата го напуштаат домот во 16 и 10 минути при што Кичеец ја носи Луј Витон чантата. Заедно влегуваат во возилото Тирок а чантата ја оставаат на задното седиште.

Фискалните сметки пронајдени во канцеларијата на Боки се со датуми од 25, 26, и 27  февруари 2019 година што е само неколку денови по земањето на парите од кај Камчев.

Обвинителката Рускоска потенцираше дека вкупната сума на купената гардероба од Милано е 148.000 евра.