Фросина Ременски една од обвинетите во случајот, „Меѓународен сојуз” излезе со рекација сведочењето на Лилјана Тодоровска , пензионерката која ги има авторските права на проектот за домови за стари лица.

Таа во сведочењето посочи дека токму Мила Царовска ја упатила во „Меѓународниот сојуз“ за да се реализира нејзниот проект.

Имам лично познанство со Мила Царовска, бев во МТСП и го презентирав проектот …, многу ѝ’ се допадна и ми кажа ден, место и време на основање на „Меѓународниот сојуз“ преку кој може да се реализира проектот-истакна Тодоровска во последното сведочење.

Ременски потсетува дека минатата година истото го кажал и Бојан Јовановски а Царовска тогаш се заканила со  тужба за клевета.

 

Дали отсуството на демант за изјавата на сведокот под заклетва пред Судот произлегува од потребата за легитимирање на статусот на овој (според сите полициски правила) дискутабилен „сведок” кој „не знаел ништо за ништо”, или пак е опасност за „сведокот” и неговата кривична одговорност за давање на лажен исказ пред ЈО и на Суд под заклетва ⁉️ Добар PR за PR-обвинение мора за се признае“, напиша Ременски на ФБ.