Откако првиот човек на Заводот за статистика призна дека неколкумина инструктори се позитивни на корона се наметнуваат неколку прашања. Дали и кој во вакви услови може да гарантира колку попишувачи се заразиле од нив, и колкумина вирусот ќе го однесат кај граѓните кога ќе влезат да ги попишуваат.

Граѓаните се повеќе се плашат да ги примат попишувачите дома, и со право бидејќи е загрозено здравјето на целото семејство кога влегува лице кое претходно било во којзнае колку домови.

Друго прашање е кој ќе биде одговорен доколку попишувачите ја донесат заразата во домовите на граѓаните. Дали тогаш Апостол Симовски ќе преземе одоговорност. Но, тогаш ќе биде доцна и штетата ќе биде направена.

Но, Симовски и целата власт е решена пописот да го истераат и по цена да се загрози здравјето на граѓаните.  И власта е свесна дека попис во време на пандемија не се прави, но мора да се исполни долгот кон коалицискиот партнер ДУИ.

Македонија треба да има попис, но не сега и не ваков. За успешно попишување треба да се створат двата услови, политичкиот и здравствениот. Во овој момент не е исполнет ниту еден.