Власта и опозицијата се согласија мандатот на актуелниот состав на државната изборна комисија кој истекува на почетокот на следната година да се продолжи. Ова се прави за да државата не се доведе во ситуација да нема Комисија која ќе ги спроведе претседателските избори напролет.

Измените на Изборниот Законик ќе се носат по скратена постапка . Членот 26 став 4 ќе гласи, „Мандатот на претседателот, потпретседателот и членовите н ДИК трае од денот на изборот од Собранието до изборот на нов состав, но не подолго од две години“.

Ваквата, партиска изборна комисија  една од главните забелешки во Извештајот на Прибе во кој се бараше целосна професионализација на ова тело.