Претставникот на ОН, кој посредуваше во спорот за името, Метју Нимиц ја поздрави ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.

„Би сакал да го поздравам визионерскиот чекор на Парламентот и Владата на Грција. Овој историски договор меѓу двете соседни земји ја отвора вратата и им овозможува нови односи на земјите, и истовремено означува почеток на нова ера за консолидација на мирот и безбедноста на Балканот. Со нетрпение го очекувам заокружувањето на процесот во согласност со Договорот и ја повторувам континуираната посветеност на ОН да продолжи да работи со двете страни“, посочи Нимиц.