Се радувам што можам да го поздравам денешното ратификување на Договорот од Преспа, кој дава можност Скопје наскоро да се приклучи кон НАТО и отвора нова страница во неговите односи со ЕУ, па наскоро ќе можат да започнат преговори за пристапување, напиша на својот ФБ профил бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Напорите кои вложивме за време на нашето претседателство и потоа, да им помагаме на земјите од Западен Балкан, вклучително и на нашите пријатели од Скопје, денеска даваат резултати. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме, како и досега“, посочува Борисов.