На неколку месеци пред изборите Зоран Заев се обидува да протурка измена на Изборниот законик, нешто што на граѓаните не им значи ништо, не им го подобрува животот, ниту пак ја намалува корупцијата, но за СДСМ отвора можност за одложување на изборите. Сепак, предупредува потрептседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски Заев не смее ниту да помисли за одложување на изборите, затоа што ќе се соочи со толку силен отпор од ВМРО-ДПМНЕ што ќе зажали.

Заев се обидува да најде начин да избега од изборите, зашто е свесен дека ќе биде поразен на изборите. Но, избори ќе има, зашто таков е договорот, така сме се услогласиле сите политички партии. Доколку се обиде да избега од изборите, ќе се соочи со толку силна реакција на ВМРО-ДПМНЕ што ќе зажали што се обидел да избега од избори. 

Николоски рече дека Заев измислува проблем и потоа го решава проблемот, а проблем не постои, но ВМРО-ДПМНЕ преку притисок во Собранието нема да го дозволи тоа.

Во моментов во Македонија пратеници се бираат во 6 изборни единици по пропорционален модел. Заев бара да се воведе една изборна едница, исто така, по пропорционален модел, без притоа да дефинира што значи една изборна единица, дали ќе има праг за влегување на пратеници. Образложението е дека пратениците сега не биле доволно приврзани за средините од кои доаѓаат. Ако тоа е проблемот, тогаш најдобро решение е мнизнскиот модел, како што беше во деведесеттите години, каде што директно се бираат пратеници, но ние предлагаме тоа да е во еден круг за да нема манипулации меѓу круговите. Но, Заев воопшто не го разгледува овој модел, затоа што на претседателските избори ВМРО-ДПМНЕ победи во 42 од 80 општини, а сега се очекувада победи во 70-ина и на тој начин СДСМ ќе формира многу мала пратеничка група