За само неколку дена, премиерот во заминување повторно го смени ставот. Овој пат Заев се премисли за ветинг во судството. Отако амбасадорот на ЕУ рече дека во овој момент такво нешто не е потребно, Заев побрза да се сложи со него и објасни дека навистина не било момент за ветинг и оти требало да се прочистат само малкумина нечесни судии и обвинители.

Очекувам дека самите институции согласно сегашната регулатива, а тоа е Законот за судски совет и Законот за судовите и Законот за антикорупција го дава, ќе си постапат по самите закони. При самото такво постапување ќе го направат прочистувањето- изјави вчера Заев.

Но, оваа е сосема спротивна изјава од изјавата што ја даде на 17 ноември кога порача дека е потребен целосен ветинг во судството.

Создадовме амбиент соодветен, донесовме закони, секој обвинител и судија да работи независно. Еве денеска имаме специјални обивнители во затвори, затоа што законот важи еднакво за сите, што беше мисловна именка пред 2 години. Но, слободата, не дозволува да застаруваа предметите ниту да нема одговорност. Баравме целосен реизбор во судството, не дозволи Европа затоа што секој треба поединечно да одговара, а сме немале ресусрс од каде да надоместиме тој дел од праводуството. Еве кажувам целосен ветинг во прасудството ќе има, и во судството и во обвинителството, рече Заев минатиот месец.

Жбогар пак во изјавата беше јасен дека ситуацијата во правосудството не е така лоша и има други начини правосудството да се подобри, пред сѐ, од внатре и не гледа потреба за ветинг на судии и обвинители .

Нашата позиција за ветингот е јасна. Мислам дека ние преферираме да се користат сите други елементи за да се подобри правосудството, кое на крајот на денот и не е во така лоша ситуација во земјата. Има многу начини да се подобри правосудството, пред сѐ, од внатре. Правосудството треба да се саморегулира-изјави амбасадорот.

По оценката на амбасадорот на ЕУ, станува јасно дека ЕУ не верува оти оваа власт може да спроведе квалитетен ветинг во судството и тоа веројатно ќе биде оставено за следната власт. ЕУ се плаши дека Заев ветингот ќе го злоупотреби за борба со оние судии и обвинители кои не по желба на фамилијата Заеви.
Пример за тоа е Албанија каде беше спроведен ветинг но тој беше оценет за неупешен бидејќи се доведоа до недостик на квалитетен судски кадар кој може да суди висока корупција

Што е ветинг

По дефиниција ветингот претставува проверка на одредена личност пред преземањето на нова функцијаи со цел да се расчисти судскиот систем од некомпетентни судии и обвинители може да ги зафати сите вработени во една институција или само одредени функции.