Европски парламентарци, претприемачи, научници, професори, спортисти… Во ова друштво се најде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во изборот на највлијатени млади личности во Европа под 40 години.

Ова е големо признание бидејќи за да се влезе во оваа група воопшто не е лесно и основна задача. На Николоски му се припишуваат заслуги во борбата против корупцијата и напорите Македонија да стане членка на ЕУ.

Кој е во друштво на Николоски

Листата е навистина импозантна

Тука е Михаел Шимечка – потпретседател на Европскиот Парламент, потоа Михаи Данила – потпретседател на најголемиот инвестициски фонд во светот Блек Рок.

Катинка Хосу – пливачка која има три олимписки златни медали и вкупно 96 медали во кариерата, Томс Јурјевс – основач и директор на Сан Фајнанс груп која обезбедува преку 1,2 милијарди евра во кредити на мали корисници и други успешни млади лидери од Европа.Тука и претседателот на антидопинг комисијата Витолд Банка.

Во групата е и градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ, како и на Сарево Бенџамина Кариќ.

Во т.н „ board of trustees“ oдносно во одборот на  Бриселската „Пријатели на Европа “ („Friends of Europe“) се 63 еминентни актуелни и поранешни политичари, претседатели на држави, комесари, како и професори, Федерика Могерини.

Тука е поранешната  хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, познатиот Карлт Билт, европарламентарката Тања Фајон, поранешниот комесар Штефан Филе, поранешниот претседател на Европската комисија Жан Клод  Јункер, Хавиер Солана и многу други.