Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, обвинува дека СДСМ има план да ја затвори најголемата опозициска политичка партија преку Специјалното јавно обвинителство. Тој во интервју за телевизијата Алсат M истакна дека легализирање на дејствијата што ги презело СЈО после законскиот рок од 18 месеци, бидејќи, според него, тие се токму во функција на забрана на ВМРО-ДПМНЕ со судска одлука.
„Тука е сега каменот на сопнување, не можеме да дозволиме пробиениот рок којшто го има СЈО, а тоа е 18 месеци од примањето на материјалите и незаконските дејствија коишто ги презеле после овој рок да бидат легализирани. Со тоа не можеме да се согласиме. Тоа не значи како што вели власта амнестија на криминалот, затоа што доколку некој сторил било какво кривично дело, има обвинителство што може да го гони, прво, и второ единствен случај, и тука е политичката мотивација на СДСМ, единствен случај којшто е отворен после рокот е случајот за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ каде што целта е да се забрани таа политичка партија, нашава политичка партија, со судска одлука“, истакна Николоски.
Тој додаде дека ако СДСМ се откаже од тој план можен е договор за СЈО до есен.
Comments are closed for this post.