Речиси 20 проценти од сите заболени во Македонија се медицински персонал, а тоа е резултат на тоа што медицинскиот персонал на почетокот немаше никаква заштитна опрема и за жал и покрај апелите на ВМРО-ДПМНЕ за интервента набавка на ваква опрема тоа Владата никогаш не го сторила, рече вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“ на телевизија „Сонце“, меѓудругото, говореше и за проблемите со кои се соочуваат медицинските работници во Македонија во борбата со коронавирусот.

Видовме дека власта лошо се справува, на почетокот немаше никаква заштитина опрема. Се доведе медицинскиот персонал самиот да си шие од најлонски кеси калјачи и капи. Да купуваат ракавици, визири кои што се за овие кои што работат со швајц апарати, а не медицински визир за да може колку толку да се заштитат. И тука апелиравме до Владата да се набави заштина опрема преку интервентна набавка, но за жал не направија ништо. Сега плачат по медиуми дека немало респиратори, нема затоа што други ги купија. Да купеа во февруар кога ние апелиравме ќе беше друга ситуацијата, вели Николоски.

Токму поради оваа причина посочува Николоски, ВМРО-ДПМНЕ се ангажирало во рамки на ЕНП да побара помош од пријателските држави како што се Унгарија и Словенија и токму првите заштитни скафандери употребени во државата биле донација од Унгарија. Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ води разговори со Австрија, односно канцеларот Курц за да издејствува уште една донација и помош за Македонија во справување со кризата.

Се ангажиравме онаму каде што имаме пријатели во рамки на Европската народна партија. Разговаравме со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Разговаравме со премиерот на Словенија, Јанес Јанша. Во контакти сме во моментов со Австрија, канцеларот Себастијан Курц, очекуваме и од таму одредена помош како држава. Така што решија луѓето да помогнат во едно критично време, мислам дека помошта од Унгарија покрај реалната помош имаше и симболика. Но и суштински медицинскиот персонал немаше и скафандери, првите скафандери кои што се употребија во Македонија беа тие 5 илјади скафандери кои стигнаа од Унгарија, рече Николоски.