Власта не се откажува од намерата да го свика Собранието и покрај тоа што тоа е распуштено. Новиот обид ќе биде направен преку Уставниот суд, преку иницијатива за негово повторно собирање за да ги потврди Уредбите на Владата донесени во време на вонредна состојба, како и за потврдување на двете одлуки на претседателот Пендаровски за вонредна состојба.

Експертите кои ги консултираме се едногласни дека враќањето на пратениците е невозможно и оти не држат објаснувањата дека поради тоа што не се исполниле причините зошто Собранието се распушутило, односно организирање на избори на 12 април, сега Парламентот може повторно да се активира.

Уставниот суд не цени политички причини зошто Собранието се распуштило , туку цени само уставност. Во овој случај, одлуката за распуштање на 16 февруари беше уставна-посочуваат познавачите за „Пресинг ТВ“.

Уставниот суд пред десетина дена одби една иницијатива која исто така се однесуваше за враќање на пратениците и неразбириливо е како сега тие би донеле различна одлука за иста работа.
Според тоа, повеќе од јасно е оти Собранието ќе се собере, но по изборите кога и да се случат, а овие пратеници се веќе поранешни.