„СДСМ има ангажирано на изборите странска куќа за односи со јавност и маркетинг и тие им имаат речено да најави промени. А ова поминува кога има личност која има кредибилитет, и таква личност може да најави промени, а не личност како Зоран Заев“, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на телевизија Алфа коментирајќи ги најавите на премиерот Заев дека ќе заигра метлата по изборите.

Никој не му верува зошто прв треба да биде изметен со метлата. Овде лично премиерот е најкорумпиран, затоа оваа алатка која му ја кажала таа скапо платена маркетинг куќа не поминува“,  рече Николоски.

Николоски очекува Горадана Силјановска да биде убедлив победник в недела и да победи со разлика 30 до 40 илјади гласа.

Во измининатава година имаше многу лажни вести. Една од нив е и за меѓународна изолација на ВМРО-ДПМНЕ, но таа приказна пукна како балон, како еден од спотовите во кои е прикажана политиката на СДСМ. Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска на пример има поддршка од Европската народна партија, од германската ЦДУ. Нешто што не гледаме кај Стево Пендаровски. Него го поддржа во првиот круг и тоа пензионирани политичари, но не ја гледам поддршката сега. Силјановска успеа да го победи Пендаровски кој имаше поддршка од низа на партии, а имаше и четири албански субјекти, вклучувајќи ги и ДУИ. И во таков конгломерат на околности Пендаровски не успеа да направи ништо. Силјановска покажа дека таа е консензуален кандидат на македонксиот народ, но и мнозинство на етничките заедници гласаа за неа, и не случајно победи во 47 општини, а Пендаровски во само 23. Соодносот на првиот круг беше 4 према 1 во корист на Силјановска“, рече Николоски.

Според него во првиот круг многу од луѓето не излегоа на гласање поради разочараност од власта.

Но сега мислам дека ќе гласаат за Силјановска зошто гледаат надеж за правда. И потоа ќе следат предвремени парламентари избори. Победата на Силјановска е пад за Заев. Ако Силјановска победи нема комбинација Заев да продолжи и да остане на власт. Доколку не закаже предвремени парламентарни ќе повикаме на протести. Ако Заев даде отпор ќе се излезе на улица и колку повеќе ќе се обидува да остане на власт поразот ќе му биде поголем“, рече Николоски.