Одлуката да се одложи пописот има една цел, а тоа е да се заштити здравјето на граѓаните. Короната не избира по националност, погодени се сите смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој утрово гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“. Николоски рече дека епидемиолошката состојба е исклучително лоша, а песметките се погубни.

-Јас не мислам дека во Македонија од корона вирусот се погодени само Македонци или само Албанци или Турци или Срби. Погодени се сите и епидемиолошката состојба е исклучително лоша и тоа беше основна причина зошто ВМРО-ДПМНЕ недели и месеци наназад бараше да се одложи пописот. Во ваква епидемиолошка состојба само од пописот би имале нови 50.000 илјади заболени и тоа само во април, потенцира Николоски.

Facebook