Денеска на редовниот состанок на Комисијата за заразни болести не се донеси нови препораки во однос на ширењето на болеста. Она што веќе е познато е дека членовите на Комисијата очекуваат од Владата на денешниот состанок да ги прифати нивните препораки од минатата недела.

Денеска немаше ништо посебно на состанокот. Се дебатираше околу тоа од каде е толкавиот број на новозаразени, но за сега не одлучуваме за други рестриктивни мерки, освен за оние кои ги препорачавме минатата недела, а кои очекуваме денеска Владата да ги усвои. Во зависност од актуелната состојба и епидемиолошката слика на земјава, можеби ќе размислиме евентуално за намалување на работното време, но не само на кафеаните и угостителските објекти, туку скратувањето на работното време, реазмислуваме да биде за сите, и пекарници, и рестораните за брза храна, и маркети и молови.

Ова би било со цел да не се чувствуваат дискриминирани едните или другите, велат денеска од Комисијата за заразни болести за Фактор.