Неделава што следи ќе продолжат преговорите за формирање на влада составена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди. Работни групи треба да ги договорат министерските места а лидерот на Влен Арбен Таравари очекува на почетокот на јуни да ја имаме новата влада.

Но пред тоа да се случи ќе има прегласување во среда на шест избирачки меса во 5 тата изборна единица и едно во шестка кои можат да направат дополнителни промени во бројот на идниот парламентарен состав.