Министерот за економија Крешник Бектеши очекува во текот на неделата да се сретнат лидерите на ДУИ и СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев, и да разговараат за претстојните кадровски промени.

Преговорите течат, но повеќе станува збор за споделување на меѓусебни мислења во кои ресори треба да има подобрување или зајакнување на капацитетите. Верувам дека сите промени ќе бидат во духот на зајакнување на капацитетите на институциите за да испорачаме што подобри резултати кои ќе бидат во корист на граѓаните, но и за да се додаде нова позитивна енергија во некој ресор во кој во минатото не сме имале добри резултати“, вели Бектеши.