Утре во 11 часот ќе продолжи седницата на мандатно-имунитетната комисија која треба да расправа за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски. Ова доаѓа откако спикерот Џафери ја извести комисијата дека поранешниот премиер кој доби азил во Унгарија шест месеци не се појавил на седница.

Минатата седница беше прекината поради тоа што досегашниот претседател Павле Богоевски си поднесе оставка по скандалот со објавениот аудио разговор во кој како што тврди нарачувал канабис.Богоевски најави дека седницата на која ќе се одлучува за мандатот на Груевски ќе биде последна во неговиот мандат.

Утрешната седница ќе ја води заменик-претседателката  Снежана Калевска Ванчева.