Треба да се  направи разлика помеѓу оние што нарачале и оние што извршиле насилство и оние кои биле во еуфорија во Собранието за време на настаните од 27 април, изјави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, објаснувајќи го ставот на владејачката партија откако предлог-законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не го доби потребното мнозинство на денешната собраниска седница.

Одговорност за насилството на 27 април мора да има. Не смее и не може да има амнестија за оние кои планирале, нарачале и извршиле насилство на 27 април, рече Костадинов.