Македонската полиција ги разјасни причините кои доведоа до грозоморното убиство што се случи на 27 август во семејната куќа на семејството Поцеста, при што се убиени таткото, мајката и нивната 13-годишна ќерка, објави весникот на албански јазик Коха.

Според наводите во весникот, убиството го организирала нивната постара ќерка 28 годишната Блерта Поцеста, кој по завчерашното апсење, признала дека е организатор на тројно убиство, но не и извршител.

Официјални извори од Министерството за внатрешни работи за Коха изјавиле дека по спроведената истрага и по сослушувањето на обвинетата, утврдено е дека причина за убиството  е што родителите не дозволувале таа да се омажи за нејзиното момче, италијански државјанин.

Под истрага е и 33 годишниот Ферди Г. од Гостивар од кого бил купен пиштолот, кој пак бил во сопственост на неговиот 66 годишен чичко од Дебар, кои исто така се обвинети за убиството.

Но, според полицијата на самото место во домот во Дебар се пронајдени траги само од Блерта.