Со договорот со Грција целосно е загрозен македонскиот идентитет кој многу порано е признат од Обединетите Нации, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за хрватски “Вечерњи лист”. Според него “Преспанскиот договор” и нанел огромна штета на Македонија отварајќи неповратен процес кој го подрива достоинството и честа на македонскиот народ и земја.

Со овој договор македонскиот идентитет е целосно загрозен. Прво се менува Уставот што лична карта на една држава, а со тоа и самиот идентитет. Многу е едноставно, ако во вашата лична пишува дека сте наречени со тоа име, откако сите ќе ве запознаат, тоа значи промена на вашиот идентитет. Се менува и самиот идентитет кој многу порано е признат од Обединетите нации и се спроведува широка интерцепција, односно наместо Македонци, како што сме сега, со договорот ќе бидеме Македонци од Северна Македонија. Членот 8 од договорот, кој предвидува основање комисии меѓу двете земји, Македонија и Грција, ќе ја ревидира историјата, археологија и образование, што значи дека дури и да се исполни договорот, Грција ќе има прилика да не блокира во нашата интеграција во Европската унија.

Премиерот Заев го прифати она што претходно десетина пати рече дека нема да го прифати, односно уставни измени, што всушност е претпоставка за бришење на името Македонија, истакнува лидерот на опозицијата.

Македонија го губи институционалниот идентитет, кој е значајна компонента од националниот идентитет. Сите називи на институциите кои го содржат зборот Македонија се менуваат. Тоа би значело дека утре кога ќе игра репрезентацијата фудбал, коментаторот не би смеел да говори за македонска репрезентација, туку за репрезентацијата на Северна Македонија, кога пак ќе го претставуваат ракометниот клуб Вардар, нема да биде македонски Вардар, туку Вардар од Северна Македонија. Така според договорот ќе бидат должни да коментираат македонските коментатори. На крајот, земјата има уставно име Република Македонија кое е признаено од 140 земји во светот, сега тие ќе бидат должни да признаат дека не биле во право и дека ќе треба да именуваат по името кое го договори премиерот Зоран Заев.

Мицковски вели дека ваков договор не би потпишал ни на сон туку би нашол достоинствено решение кое би ги штитело националните и државните интереси.