Денеска во печката на Еуроникел Индустри се уништени поголеми количини наркотични дроги, психотропни супстанции, прекурсори и оружје, запленети со правосилни кривични и прекршочни одлуки.

Акцијата за уништување беше предводена и се спроведе во присуство на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани, претставници на Државната комисија за уништување наркотични дроги, психотропни супстанци, прекурсори, Царинската управа и други поврзани институции.

За потребите на институциите и во целосна соработка со нив, компанијата Еуроникел Индустри ги отстапи своите капацитети за спроведување на оваа акција со што ја потврдува отвореноста за соработка со институциите на системот и ја докажува својата општествено одговорна функција во однос на државните органи.

Еуроникел Индустри располага со просторни и оперативни капацитети коишто се единствени од овој вид во земјава и преку отстапувањето на истите за потребите на државните органи ја потврдуваме својата функција и во доменот на одговорноста кон институциите и процесите што се од јавен интерес. Покрај континуираното производството и оперативноста, како компанија соработуваме со државните и локалните институции, бидејќи деловната клима во голем дел зависи токму од функционалноста на истите, односно во нашето секојдневно работење нам ни е потребна и очекуваме институционална поддршка, со цел создавање подобри услови и состојби во секој сегмент“, изјави Герасим Кујунџиев, Директор на Еуроникел Индустри.

Акцијата МВР ја спроведува по повод Светскиот ден за борба против малото и лесно оружје, при што беа уништени 600 парчиња оружје и над 400 килограми разни видови дрога.

На 9ти јули, Меѓународниот ден за уништување на оружјето имаме заедничка акција со Агенцијата за управување со одземен имот и со Еуроникел Индустри, за уништување на оружје, дрога, наркотични средства и прекурсори, коишто биле запленети во редовното работење на Министерството за внатрешни работи. Има околу 600 парчиња оружје и над 400 килограми разни видови дрога. Од 2018 година, ефикасноста во делот откривање наркотични средства е зголемена за 43% што е најголем учинок во последните 10 години. Посебно се заблагодарувам на Агенцијата за управување со одземен имот и на нашиот партнер Еуроникел Индустри, кои што секогаш излегуваат пресрет на Министерството за внатрешни работи, односно на државата за спроведување ваков тип акции“, изјави Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.