Според Заев, при разговорот со лажниот Порошенко делот каде што споменуваат пари кои треба да му се дадат на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за да помогне да се реши статусот на МПЦ, вели дека тој дел е изместен од контекст.

Тој тврди дека се прави разговор за автокефалноста на МПЦ и како може Украина да помогне.

Еден дел од контекстот е автокефалноста, сосема друг дел е колку треба да се поддржат верските заедници. Јас знаете дека бев и на суд за градење на Црква во Струмица. Моето семејство има изградено 14 цркви, три-четири џамии помогнато.Помагам бидејќи за мене тоа се божји домови и јас сум верник. Автокефалноста на МПЦ е отворено прашање и јас ќе продолжам да помагам да се изнајде решение – објасни Заев.