Министерот Венко Филипче не се откажува од централизирана набавка на биохемиски реагенси за цела држава. Постапката вели веројатно ќе започне до крајот на годинава, меѓутоа ќе се реализира на почетокот на идната година.

Во моментов се работи на овластувањата од Јавните здравствени установи, а во тек се и консултации со здруженијата на биохемичари, појасни министерот Филипче

Неодамна министерот рече дека со новиот тендер ќе се заштедат пет шест милиони евра (15 отсто) од сегашната сума што се троши од 35, 36 милиони евра за три години, а тие пари ќе се инвестирааат назад во здравствениот систем пред се во платите, но и подобрување на опремата и на инфраструктурата.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по допрен глас, а заради постоење на индиции за повреда на законот при водење на тендерската постапка за набавка на реагенси и тестови за лаборатории кој го распиша Министерството за здравство, пред четери месеци поведе предистражна постапка. Истата е започната пред четери месеци и сè уште трае.