Денешната расправа во Комисијата за уставни прашања помина во препукување помеѓу албанските партии.

Во отсуство на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Беса и Алијанса се обвинуваа дали во Преамбулата се рамноправно застапени и како се толкува делот во државјанството каде според Договорот од Преспа ќе стои Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија.

Според Фадил Зендели од БЕСА, по расправата за уставните измени направени се само козметички измени и дека се добива впечаток дека македонската етничка заедница е ставена на една страна и сите други заедно на друга.

Според него, во уставните измени во делот на државјанството каде треба да стои македонско/граѓани на Република Северна Македонија, нема „македонско“ туку „Македонец“.

На сличен став е и лидерот на Алијансата, Зијадин Села кој смета дека доколку власта сака да покаже дека Македонија ќе ја гради како рамноправна држава треба да ја отвори Преамбулата и тоа да го истакне.

Македонскиот народ, Албанскиот народ, Српскиот народ, Турскиот народ..Вака ќе има рамноправност и заедничко општество за сите, а не со дефинции Македонскиот народ како и граѓаните кои се дел од народите-објаснува Села.

На сето ова , вицепремиерот Бујар Османи репицираше дека Парламентот може да ги донесе и најдобите уставни измени но оти сето ќе биде залудно доколку на гласањето немаат 80 гласови.