На два дена пред одржувањето на лидерската средба неизвесно е учеството на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот Христијан Мицкоски вчера беше јасен дека прифаќа лидерска само доколку на неа се разговара за предвремени избори, додека пак Заев како теми ги предлага Изборниот законик, Законот за јавно обвинителство и пописот.

Заев вчера нагласи оти са надева оти ВМРО-ДПМНЕ ќе размислат и ќе се појават на лидерската средба.

 Јас се надевам дека ќе размислат и ќе се појават на лидерска средба. Наша намера е овие процеси да завршат, секако  и други процеси во државава се отвораат како што се потребите од дополнителни реформи во правосудството, во јавната администрација, коишто ќе продолжат есента-рече премиерот.

ДУИ и Алијансата ја прифатија поканата за лидерска средба додека пак Беса негодува што не е поканета