Портапролот на МВР, Тони Ангеловски кој се уште е на местото каде што попладнево се случи сообраќајната несреќа, пред малку даде куса изјава за медиумите. Потврди дека 13 лица се заганати. Како дошло до несреќата, засега нема официјални информации.

Околу 16:45 на автобус на Дурмо транс излетал од патот преку другата коловозна лента и се превртел. За жал имаме бројка од 13 мртви и 30-ина повредени. Увидот е во тек. Јавен обвинител и екипите на МВР се на терен. Со возачот е разговарано, моментално е во болница и неговата изјава ќе биде од голема помош“, изјави Ангеловски.