Тринаесет лица загинаа во автобуската несреќа која попладнево се случи на автопатот Скопје-Тетово , искрено жалам,  изјави пред малку министерот за здравство, Венко Филипче.

Седуммина од патниците починале на самото место. Меѓу загинатите има и помлади лица на возраст од 25-30 години. Меѓу починатите патници нема деца, а преживеал и возачот на автобустот.

„За жал се случи тешкаа сообраќајна несреќа. Се преврте автобус со 50-ина патници. Веднаш после добивањето на информацијата јас се упатив на лице место. Ги упативме и возилата на итната медицинска помош. Пациентите се транспортираа во скопските болници. Во 8 септември, 25 пациенти, 22 ца се хоспитализираи, тројца се полесно повредени, четворица се на интензивна и кај двајца се спрема хируршка интервенција. Во Ургентниот центар на скопски клиники, примени се пет пациенти, од кој тројца се со полесни повреди, меѓу нив и една бремена жена. Кај еден се спрема интервенција , а еден е во крајно тешка животно загрозувачка состојба. Се надевам дека нема да има дополнителни компликации“, рече Филипче.