По преземени итни мерки, полициски службеници ги пронашле и пронашле Т.Т. (44) и М.Н. (35), родителите на двете што беа оставени сами и дехидрирани во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. За овој случај полицијата го известила јавниот обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Како што официјално потврдуваат од МВР, децата биле најдени синоќа околу 22 часот. Полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и тие биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје.

На 28 август околу 21,50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато“ во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени. Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза’“ – се наведуваат детали во соопштението на МВР.

Децата се братче и сестриче, едното на три, а другото на седум годишна возраст.