Независната угостителска комора (НУК) вчера реагираше на овие протоколи, бидејќи смета дека токму со новите препораки за организирање прослави, наместо да се влијае, ќе се предизвика хаос во работењето на угостителски објекти.

Од комората исто така реагираат што не се консултирани претставници од оваа фела при носењето на овие протоколи.

– Доколку се точни медиумските најави за нови препораки, и се восхитуваме на умешноста на Комисијата за заразни болести кои од една страна со предлог-мерките дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор додека од друга страна постави нови правила и ограничувања за музичарите чие присуство со истата мерка е ограничено само при организирање на свадби, посочија вчера во соопштението.