Возачот на автобусот на туристичката агенција „Беса транс“, кој загина, е виновен за несреќата која се случи на 23 ноември во која загинаа 45 македонски државјани, покажа истрагата на бугарските истажители.

Заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов за „БТВ“ изјави дека истрагата покажала оти причина за несреќата е губење контрола врз автобусот од страна на возачот.

И високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина, изјави Сарафов за „БТВ“.

Автобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“, рано наутро на 23 ноември, на враќање од Истанбул. Веднаш по ударот автобусот се запали, при што загинаа 45 луѓе, а се спасија седум од патниците.