Со дводневни манифестации в сабота и недела, на 5 и 6 октомври, Македонската православна црква-Охридска архиепископија ќе го одбележи празникот Собор на сите македонски светители, но и 20-годишнината од изборот и востоличувањето на Г.Г. Стефан за поглавар на МПЦ, како и 33-годишнината од неговата хиротонија за Епископ.

В сабота, со почеток во 16,30 часот, со вечерна богослужба прво ќе биде осветена новата крстилница на новата црква Раѓање на свети Јован Крстител во населбата Бутел, а вечерта со почетѕок во 18 часот во МАНУ ќе биде промовирана книгата Слова за Словото I и II од Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Утредента, в недела, 6 октомври, со почеток во 8,30 часот ќе биде свечено осветена и новата црква во Бутел, Раѓање на свети Јован Крстител, а за 9 часот е закажана и Света божествена литургија.