Можеби ќе бидам првиот Македонец што ќе земе пасош со новото име Република Северна Македонија, вели премиерот Зоран Заев.

Запрашан дали симболично би имал пасош со три-четири јазици вклучително и албанскиот, при гостување во емисијата “Програма 200” на Алсат-М тој изјави дека би го направил тоа и дека нема предрасуди.