Министерството за образование и наука континуирано работи на унапредување на квалитетот на националниот образовен систем на сите нивоа, како и на стандардите за ученички и студентски стандард, соопшти МОН по денешниот протест во Тетово на студенти од неколку универзитети незадоволни од состојбите во високото образование во Македонија.
Во тој контекст, институциите на системот се во постојана комуникација со сите засегнати чинители, вклучувајќи ги и самите студенти и учениците кои се дел од процесите за креирање на младинските политики, економските политики, креирањето на законските решенија и дел од управувањето и одлучувањето во институциите на системот, соопшти МОН.
Министерството додава дека со внимание ги следи барањата на студентите искажани на протестот кој денеска го организираа во Тетово, а кои досега, како што посочува, не биле официјално доставени до Министерството за образование и наука.
Comments are closed for this post.