Министерот за здравство, Венко Филипче во емисијата „10 минути“ на ТВ21 го прашавме кој прв освен медицинските работници би ја примил вакцината против коронавирус.

Системот „Мој тремин“ ќе ја има клучната улога во спроведувањето на вакцинацијата која според најавите на министерот Филипче треба да започне во февруари.

Филипче вели дека први ќе се вакцинираат медицинските лица кои се вклучени во борбата со коронавирусот, како и лицата кои спаѓаат во ризична група.