Фронтлајн го наклеветил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кога пишуваше дека поседува милионски имот.

Претседателот на опозициската партија објави дека www.frontline.mk го прекршил членот од 8 од ЕКЧП како и кодексот на новинари на Македонија.

На големиот христијански празник Прочка водеа кампања со лаги, навреди и измислици по кој знае кој пат овие пет години, против мене и моето семејство. Сакаа да ме изедначат со нив и претстават како политички профитер и криминалец. За таа цел СДСМ и ДУИ ги вклучија сите свои медиумски слуги да ме навредуваат мене и честа на моето семејство со лаги, измислици и конструкции. На тој подол начин мислеа дека ќе спечалат на краток рок некој политички поен. Не успеаја…, а денес ја добив пресудата во прв степен, а еден од тие медиумски слуги е осуден дека сторил клевета, со изнесување невистини и се задолжува на негов трошок да ја објави пресудата во еден дневен весник.
www.frontline.mk го прекршил членот од 8 од ЕКЧП како и кодексот на новинари на Македонија.
Можеби мала утеха, но доволна за лична сатисфакција…, напиша Мицкоски