Денес положивме свежо цвеќе по повод 80 годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка од времето на фашистичката окупација на Македонија.
Овој чекор е сеќавање за човечката голгота и жртвата на невините луѓе, како и опомена за страотните последици на војната предизвикана од фашистичките окупатори на Македонија, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Денеска се сеќаваме за 7144 наши сограѓани кои заминаа од своите домови и никогаш повторно не се вратија. Тагата и болката се сѐ уште присутни. Да извлечеме поука и да ја гледаме објективно историјата која ни кажува дека војната и непријателството го раѓа семето на злобата, уништувањето и заедничката несреќа.
Таквиот геноцид е најцрниот настан во историјата на човештвото.Катастрофата од геноцидот никогаш да не се повтори, но и да не се заборави!