Претседателот на ДУИ Али Ахмети вчера во Скопје ја промовира книгата „во која се содржани сите вистини за Албанците во поранешна Југославија“. Сепак, дали е навистина така не знае ни самиот Ахмети, зашто како што рече не ја прочитал книгата “Албанската илегала-претходник на распадот на Југославија“ во два тома, објави ТВ 21.

На промоцијата Ахмети зборувал и за тоа што самиот тој преживеал и дека во времето на илегалата ги знаеле сите соработници на УДБА.

Генералите кои ни предаваа од Албанија ги знаеја и гнездата на ластовичките во касарните на Југославија и ние ги знаевме сите ластовички соработници на УДБА , кои се и секој што леташе на секој аеродром во Европа во тек на 24 часа, знаевме каде е и што прави, рече Ахмети.

(фото: Фесбук на Али Ахмети)

Скендер Асани, еден од авторите на книгата, рече дека тоа што го сработиле има за цел изнесување на историските вистини, како и спречување историски манипулации.

Основните причини зошто му се посветивме на овој проект, е целта што ја имавме како студенти, да спречиме манипулација од одредени индивидуи кои со години се трудеа да ни презентираат национални вредности, псевдовредности, за сметка на некои антиалбански служби, изјави Скендер Асани, директор на ИДКНА.

Промоцијата на книгата се одржа на 42 годишнина од почетокот на студентските демонстрации во Приштина