а само неколку денови лидерот Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Николоски имаа средби со неколку европски лидери кои јасно ја изразија поддршката за ВМРО-ДПМНЕ како носител на идната власт во Република Македонија.
Мицкоски и Николоски имаа средби со тројца европски премиери и тоа Виктор Орбан ,Јанез Јанша и Андреј Пленковиќ. Сите беа едногласни дека државата се движи во погрешен правец и оти се потребни промени кои во Македонија може да ги донесе само ВМРО-ДПМНЕ.
Се чини дека е најзначајна поддршката која доаѓа од Унгарија преку премерот Виктор Орбан. По средбата Мицкоски истакна дека со унгарскиот пријател разговарале за блокираниот европски пат и за искуството од Унгарија, како и за справувањето со корона кризата.
На средбата со премиерот на Словенија Јанез Јанша главна тема беше македонската девастирана економија и причината за тоа-неспособноста на владата на Заев.
Мицкоски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пак констатираа дека она по што Македонија се памети последниве години се партизирано судство, поткуп на избори, фалсификат попис во најава, додека пак сите земји од регионот имаат одлични економски резултати.
По овие средби општ е заклучокот дека не може да се прави споредба за довербата што ја ужива лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кај европските партнери наспроти Зоран Заев.
Додека Мицкоски добива се поголема поддршка Заев не може ни да испрати воен преставник во НАТО и сите предлози му ги враќаат поради соработка со источни тајни служби.
Последната официјална посета пак на Заев на некоја европска земја беше пред речиси три година на Чешка и тоа пред избивањето на аферата „Рекет“. Оттогаш Заев се нема сретнато со ниту еден европски лидер.
Тој е закопан во сопствениот двор и доживува порази на како на меѓународен така и на домашен план.
На меѓународен план најголемо понижување е блокадата од Бугарија и покрај ветуваето на Заев дека ќе ги направи сите отстапки кои значат откажување од македонската историја, јазик и идентитет.
Дома пак секако најголем срам е со короната откако Македонија е единствената земја од регионот кој не успеа да обезбеди вакцина и бара милостина кај соседите.
Откако Бугарија и Грција го извисија, Заев не знае да ја искористи ниту вакцината од Србија бидејќи вакцината на Фајзер не била регистрирана во Македонија а не постоел ни пла за вакцинација.
Мицкоски: Светот оди напред со големи чекори
По средбите во регионот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Унгарија имаше раст од 4,9 проценти, а Македонија влезе во рецесија. Словенија пак нарачала 3 милиони вакцини а ние молиме за донации.
Comments are closed for this post.