Владата ги објави платите на кабинетот на премиерот Зоран Заев. Најголема плата зема премиерот Заев, чија основна плата е 78.840 денари, а со пресметан стаж од 22 години неговата плата е 87.813 денари.

На второ место е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој добива 85.113 денари личен доход (со 18 години стаж). Следува министерката за труд и социјална политика која зема 74.273 денари (28 години работен стаж).

Радмила Шекринска, министерката за одбрана добива 72.989 денари, а министерката за култура Ирена Стефоска 72.670 денари.

Следуваат вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи со по 71.385 денари, а првиот вицепремиер Артан Груби и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи добиваат по 70.102 денари плата.

Личниот доход на министерот за здравство Венко Филипче е 68.179 денари.

Најмали плати добиваат министрите Насер Нуредини и Јетон Шакири со по 65.612 денари.