Неказнивоста на насилството против новинарите поттикнува самоцензура на медиумите. Безбедноста на новинарите во Македонија полека се подобрува , но политиката на неказновост на насилството врз новинарите се уште има длабоки корени. МВР континуирано да гради соработка без закани, без насилства, без какви било пречки што би било проблем за кој и да е медиум или новинар.

Треба да покажеме со акции и зборови дека насилството против новинарите, вклучително жените новинари нема да биде ослободено со неказнивост, туку ќе биде спроведена правдата.

Ова се дел од заклучоците од денешното одбележување на Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите со промовирање на Прирачник за безбедност на новинарите при известување за настани од висок ризик, изнесени од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари и Амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Амбасадорот Која во обраќањето потенцира дека ОБСЕ и понатаму ќе бара од државните власти да ги исполнат меѓународните обврски и заложбите на ОБСЕ за заштита на новинарите и медиумските работници и итно, темелно и ефекиксано да ги истражат наводните кривични дела и сторителите да бидат изнесени пред лицето на правдата.

Новинарите играат клучна улога како чувари на јавниот интерес, тие се суштински дел од темелите на секое демократксо општество, рече Која додавајќи оти често во регионот на ОБСЕ новинарите се соочуваат со одмазда само заради вршењето на својата работа, додека злосторствата против нив остануваат неказнети. Неказнивноста, подвлече, е отровна и неприфатлива, води кон самоцензура, го ограничува просторот за слободни медиуми и широко споделување на идеи и мислења.

Амбасадорот Која меѓу другото информира дека ОБСЕ ќе овозможи да се воспостави телефонска линија за помош на која ќе можат новинарите и медиумските работници да пријавуваат напади, а за да се унапреди безбедноста на новинарите ОБСЕ ќе дистрибуира заштитни капи и елеци на новинари и медиумски работници, со што ќе се овозможи полицијата да ги разликува новинарите од останатите и да може да ги заштити од инциденти.

Во однос на промоцијата на прирачникот, како што истакна, целта е да се премости комуникацискиот јаз помеѓу новинарите и властите, но содржи и препораки за зголемување на безбедноста на новинарите.

Слободата на информирањето и известувањето, слободата на непречено вршење на новинарската професија, нагласи во обраќањето министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се незаобиколни и суштествени одредници кои го даваат смисолот на сето она што го дефинираме како јавно работење и јавен интерес. Според стандардите на демократијата, тие се и бедеми и чувари на поединечните и колективни права и слбооди, на зкоанитоста односно на легалитетот како есенција на општесњтвеното егзистирање.

Не треба да се има ни малку дилема дека една од примарните задачи и должности на институциите на системот, на извршната власт односно на оние кои добиле мандат да владеат е постојано да работат на креирање квалитетен амбиент за остварување на сите тие слободи важни за функционирањето на медимите, да ги надградувбаат тие принципи, да комуницираат и соработуваат со седмата сила. Бенефитот е заеднички, рече Спасовски.

Тој информира дека сите предмети односно пријави за физички напади врз новинари од јуни 2017 година наваму се расчистени од страна на МВР.

Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари, посочи дека бројот на напади врз новинари во споредба со претходната година е намалено од 18 на шест, а институциите после една деценија почнаа да ги казнуваат напаѓачите на новинари.

Институциите треба да разберат дека напад на новинар во исто време е напад и врз слободата на говорот, правото на граѓаните да се информирааи и демократијата воопшто, истакна Селамни и порача дека обврска на институциите е да осигурат безбедна средина за работа, а новинарите ослободен од било какви закани и притисоци.

Според Селмани, политичката волја на владата и на министерот Спасовски да стават крај на нападите на новинари, не ја следи и бирократијата во полицијата и обвинителството.

Тие се уште водат неквалитетни и неефикасни истраги. Од 59 напади на новинари, само двајца напаѓачи се казнети со ефективна казна, а само еден предмет во обвинителството е целосно истражен за кривично гонење. Тринаесет предмети се целосно нерасветлени, за кои полицијата тврди дека тешко ќе може да се расветлат затоа што во минатото се воделе неквалитетни истраги или во некои случаи се уништени докази. Примери на забошотување на истраги има и во обвинителството, подвлече претседателот на ЗНМ.

Селмани потенцира дека сериозна е и загриженоста, како што рече,  и заради арбитрарното приоведување на новинари во полиција. – Таквата практика на застрашување мора веднаш да престане затоа што тоа може да има чилинг ефект врз слободата на медиумите, порача Селамни.

Иван Брешковски од ЗНМ говореше за суштината на прирачникот при што меѓу другото изрази надеж дека истиот постојано ќе се надградува и менува се во интерес на безбедноста и слободата на новинарите и медиумските работници.