Договорот од Преспа го зајакнува и заштитува идентитетот и се отвораат перспективите за членство во ЕУ и НАТО, што значи реализација на стратешкиот интерес на Македонија, рече на денешната прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин костадинов.

Ова е уште една причина сите пратеници, особено останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, да ја напуштат криминалната матрица на Груевски и Мицкоски и да се вклучат во започнатиот процес во Собранието што обезбедува иднина во ЕУ и НАТО, истакна Костадинов.

Тој потенцираше дека очекува поддршка и од останатите пратеници.

Одговорноста е во наши раце, ајде заедно да ја донесеме одлуката за иднината во НАТО и ЕУ, порача Костадинов.