Оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа, информира Министерството за здравство доцна вечерва по бурата реакции во јавноста дека промената на полот ќе биде на државна сметка.

Спроведувањето на оперативни зафати од страна на експертот Мирослав Ѓорѓевиќ значи опфаќање на голем број на уролошки операции за заштита на здравјето на децата, кои до сега беа принудувани да патуваат во странство за нивно спроведување. Со овој ангажман на врвен експерт ќе успееме да заштедиме средства што досега беа одвојувани од Фондот за операциите во странство. Политика на Министерството за здравство е што повеќе услуги да бидат достапни за граѓаните во Северна Македонија и да се намали потребата од патување во странство и секако да се спроведат повисоки стандарди во медицинските установи во државата, преку ангажирање на експерти кои ќе го пренесат своето знаење на македонските доктори – се вели во известувањето од Министерството за здравство.

Министерот Филипче денеска се пофали дека овие операции ќе бидат на товар на фондот.