Целта на оваа комисија беше да се одговори на бугарскиот меморандум кој е историски анахронизам, спротивен на европските вредности. Но, Димитров и Османи со непојавувањето покажаа непочитување кон гласачите и граѓаните, изјави првиот човек на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски, од опозицикста ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави дека за скоро време пак ќе ја свика комисијата и се надева оти Димитров и Османи ќе покажат храброст да се појават.

Македонските пратеници не можат да побараат интерпелација од Захариева или Каракачанов, но можат од Османи и Димитров, објасни Милошоски.