Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски добива поддршка од истакнати сопартијци. Според пратеникот Антонио Милошоски, драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот, дале појасна слика за тоа кој се залага да се испочитува вољата на народот од кој се избрани пратениците, а на кого му се побитни заткулисните договори.

Мицкоски, како што нашиша Милошоски на Фејсбук, покажал дека поважна му е демократската доверба која гласачите им ја дале на пратениците, и вољата на членството и симпатизерите. Со тоа како што напиша пратеникот на Фејсбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја заслужил неговата поддршка.

Со тој став ја заслужи мојата поддршката и како пратеник, и како член на ВМРО-ДПМНЕ од 1992 година. Консолидацијата и единството во ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на програмските определби, се потребни и полезни за демократијата во Република Македонија“, напиша Милошоски.

Со поддршка за Мицкоски се јави и Трајко Вељаноски.

Во овие тешки моменти потребна е поддршка за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој ја има мојата поддршка, а верувам и на членството, напиша Вељаноски на Фејсбук.