Со комбе на истражниот затвор „Скопје”, во присуство на затворска полиција утринава во Кривичниот суд беше донесен екс министерот Миле Јанакиески на ново рочиште за случајот со уривањето на „Космос“.

Старите велат, не можете по магарето, удрете по самарот”, му се обрати Јанакиески на судијата Огнен Ставрев кој го праша дали нему му е определена мерката притвор.

Обвинителот побара на екс премиерот да му се суди во отсуство и притвор и за Груевски,  да биде притворен веднаш штом ќе биде екстрадиран и најден.

Адвокатот на Груевски реагираше, потенцирајќи дека тој е оправдано отсутен од рочиштето, бидејќи ја напуштил државата да бара политички азил, а нагласи дека ако ја напушти Унгарија може да го изгуби статусот на барател на азил.

Поранешниот министер за транспорт и врски се товари дека бесправно, заради политички реваншизам издал налог за уривање на објектот „Космос“, на бизнисменот Фијат Цаноски.

Во случајот „ТНТ“ покрај Јанакиески обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.