Белградскиот весник Политика објавува дека поранешниот премиер Никола Груевски избегал во Унгарија преку Албанија. Весникот наведува дека Груевски со лажен пасош преку ноќ ја преминал македонско-албанската граница по што бил прифатен во унгарската амбасада во Тирана. Со првиот лет на Малев утрината, Груевски од Тирана директно стигнал во Будимпешта во 10 часот претпладне, наведува српска Политика.

Посадата на авионот немала поим кој е патникот со шешир и очила за сонце, кои не ги симнал ниту во авионот, пишува весникот.

Инаку, авиокомпанијата Малев не работи од 2012 година.

Српската опозиција вчера го праша претседателот Александар Вучиќ каква е улогата на српските тајни служби во бегањето на Груевски и дали тој поминал преку српска територија.Дали им наредил на структури во БИА незаконски да го спроведат до Унгарија, низ српска територија?

Дел од унгарските медиуми објавија дека тој избегал со бугарски пасош, но официјална Софија демантира дека Груевски има бугарски пасош.

Груевски требаше да замине на отслужување двегодишна затворска казна за случајот Тенк, но избега во Унгарија и побара политички азил.