Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, телефонски разговарал со македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров за случајот на Никола Груевски и неговиот престој во Унгарија.

Како што пренесуваат унгарските медиуми, во соопштението издадено од МНР на Унгарија, се вели дека за оваа земја, барањето азил од поранешниот македонски премиер, е повеќе правно, отколку политичко прашање.

Разговорот го иницирал Димитров, а Сијарто му повторил дека Македонија ја има целата поддршка на Унгарија на патот кон НАТО и ЕУ.

Унгарската Влада потврди дека Груевски поднел барање за азил, барајќи бегалски статус.

Процедурата во Канцеларијата за имиграција ќе биде спроведена според постоечките унгарски и меѓународни закони за овие прашања, соопштуваат од владата на Унгарија.