Со статус на фејсбук, професорот  Владимир Милчин  му се обрати на министерот без ресор, Едмонд Адеми, по повод неговото интервју за „Радио Слободна Европа“, особено во оној дел каде  вели дека се појавила „хистеријата во јавноста околу тоа дека Охрид може да стане дел од таа листа на загрозено културно и природно богатство на УНЕСКО“.

Милчин реагира на оваа изјава и пишува  дека не е хистерија тоа што пред два дена се отвори пицеријата кај Чинарот во Охрид, објект дивоградба, во сопственост на Нефи Усеини, советник на ДУИ во Општина Охрид.

„Ние сме хистеризирале? Не министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?, напиша Милчин на својот Фејсбук профил.